Да простиме, но да не забораваме колку сме биле повредени

Да се прости значи да се ослободиме од бесот кој го носиме во себе.

Простувањето е спасување. Тоа помага најмногу за онаа личност која простува. Постои нешто лесно и смирувачки во ослободувањето на болката, тоа што знаеме дека се ослободуваме од бесот кој го носиме во себе, често и предолго.

Простувањето е една од најдобрите работи кои можеме да ги направиме за себе, не за другите.

Но, ако простиме, тоа не значи дека таа личност треба да остане во нашиот живот. Грешно е да мислиме дека мораме да го направиме тоа. 

Често, простувањето е една од најтешките работи кои треба да ги направиме во животот. Понекогаш боли премногу. Но, постои голема сила во тоа, бидејќи се ослободуваме од товарот кој го имаме во себе и кој нèспречува да бидеме среќни. 

Простувањето не значи дека дозволуваме некој да се врати во нашиот живот и да дозволиме повторно да нèповреди. Тоа не значи дека треба да почнеме повторно од почеток. Не значи дека треба да ја задржиме таа личност во нашиот живот.

Можеме да простиме некому кој нè изневерил, кој ни го скршил срцето, кој нè оставил кога ни бил најпотребен. Можеме да простиме за многу работи, но тоа не значи дека забораваме. 

Простувањето значи дека прифаќаме што се случило, сета болка која сме ја почувствувале заради некого и сме подготвени да продолжиме со животот. Не постои ништо лошо во тоа.

Запаметете ја својата вредност, сетете се дека заслужувате љубов, но заслужувате и да продолжите. Имате сила за тоа, не гледајте назад.