Да останеш млад...

Млад и стар, тоа не е прашање на години.
Има млади луѓе кои изгледаат старо
и стари кои изгледаат волшебно млади.

Млад си:
сѐ додека не мислиш дека знаеш сѐ,
сѐ додека имаш смисла за хумор,
сѐ додека си весел и можеш да се восхитуваш на нови откритија.

Стар си ако се плашиш од сѐ што е необично,
ако одиш само по познати и тесни патишта,
ако се задоволуваш со просечното,
ако сѐ се врти околу тебе,
ако зборуваш само за себе.

Но, ти си млад, свеж и среќен,
ако си отворен за нови работи,
ако имаш чувства за повеќе работи,
ако останеш едноставен човек,
кој сѐ уште може да научи нешто.

Обиди се да останеш млад и другите да ги заразиш
со својата веселост и со својот оптимизам.
Тогаш и стариот за’рѓан свет околу тебе
повторно ќе биде млад и полетен.

Фил Босманс