Да не се пали оган на отворено, да не се палат стрништа, да не се фрлаат стаклени шишиња, отпушоците да се гасат вон тревен дел

Во летниот период се зголемуваат и опасностите од пожари. Граѓаните постојано се предупредуваат за можните опасности, но и последици кои можат да нанесат голема материјална штета.

Надлежните апелираат до граѓаните за поголема будност и мобилност како и почитување на мерките. Да не се пали оган на отворено, да не се палат стрништа, да не се фрлаат стаклени шишиња, отпушоците да се гасат вон тревен дел или да се полијат со вода.

Граѓаните треба редовно да ги проверуваат инсталациите и електричните уреди во своите домови, а корисниците на станбените објекти се должни да имаат исправни противпожарни апарати, барем по еден на катот, а пред се да не се оставаат вклучени електричните апарати без присуство и без контрола.