Да, јас сум таа досадна мајка од социјалните мрежи...

Ова е отворено писмо на една мајка за која сите мислат дека е зависна од Фејсбук и дека секојдневно се труди да ги импресионира пријателите на социјалните мрежи. Но, вистината е малку поинаква.

Кога ќе го видите моето име на Фејсбук, најверојатно несвесно превртувате со очите или размислувате да ми направите unfollow, само за да не ми ги гледате досадните објави. Сигурно се прашувате дали сум си го видела семејството, а да не е преку камерата од телефонот. Да се разбереме, одговорот е да. Сигурно не ве интересира каде сме биле претходниот викенд и не ве интересираат сликите од моето семејство. Извинете, но вашата незаинтересираност ништо не ми значи. Јас не ги објавувам тие работи за да добијам повеќе лајкови. Јас ги објавувам за да имам потсетник дека и во најлошите моменти во мојот живот сум успеала да имам убави и среќни моменти со моите деца и дека сум успеала да го документирам тоа. Тоа се моите докази. Тоа се мрачните денови кога критикувам и преиспитувам сѐ околу себе, а сепак се трудам да го надминам тоа и да најдам убавина и добрина насекаде околу мене. 

Кога ќе се загледам во големите кафени очи на ќерка ми, а потоа ќе ги видам моите очи, доживувам целосно вонтелесно искуство кое истовремено ме исполнува со радост и со тага. Нејзиниот темперамент и љубовта кон танцот ги има наследено од татко ѝ и се надевам дека никогаш нема да го изгуби тој бестрашен темперамент кој јас никогаш го немав. Таа сѐ уште е малечка, доволно мала за да не сфаќа дека мајка ѝ е далеку од суперхерој. Јас сум таа која ја теши кога е нерасположена или кога плаче. Таа ме обожава и јас ја обожавам неа. Сѐ надевам дека ќе се сеќава на моите најлоши денови кога се трудев да бидам најдобра. Се обидувам да бидам нејзина хероина, но понекогаш лошото победува. Анксиозноста е чудовиштето под мојот кревет. Најлошото чудовиште и ми ја краде среќата, силата и здравиот разум. Ме направи оштетена. 

Ми делува несфатиливо тоа што можам да седам и да пишувам за ова, а не можам да издвојам 10 минути да забележам нешто смешно што ќерка ми направила. Работата е што морам да бидам во вистинското расположение. Јас се борам со депресија, панични напади и анксиозност. Ова е мојот товар, а социјалните мрежи ми помагаат полесно да го поднесам сето тоа. 

Мојот сопруг заслужува подобра сопруга од мене. Некоја од оние жени кои ги гледаме на телевизија, кои секогаш имаат средена коса и шминка, кои совршено функционираат дома и кои на крајот од денот успеваат да ги насмејат мажите. Додека јас едвај можам да ја подготвам вечерата, пред  да се фрлам на каучот и да се молам ќерка ми да има обврските пред спиење за да можам накратко да останам сама со него. 

Моите деца заслужуваат подобра. Дали има полоша мајка од мене? Моите деца не се запоставени и насакани. Ништо не им недостасува. Проблемот со мајчинството е тоа што постојано имам чувство дека ништо не е доволно добро за нив. Дека заслужуваат подобро. Дека морам да бидам подобра мајка. Па така, секоја совршено поставена слика на Инстраграм е дел од процесот низ кој проаѓам. Тоа е многу повеќе од експонирање на социјалните мрежи, нешто на кое луѓето прво помислуваат. 

Менталните пореметувања понекогаш можат да бидат навистина незгодни и вашиот мозок може да биде ваш најголем непријател. Никој не сака да има хемиски дисбаланс во мозокот, кој прави секојдневно да се борите и со најмалите обврски. Често кажувам работи кои не ги мислам, а потоа ми е жал за тоа. Сакам да кажам дека ми е жал, но премногу сум лута за тоа. Потоа ситуацијата излегува од контрола и повеќе не сум сигурна за што всушност сум била лута. 

Понекогаш се прашувам како мојот сопруг ме трпи. Секако дека и тој има слабости, но тој има контрола над својот ум. Нему не му се случува да се вчудоневиди од тоа што ќе го каже, како што ми се случува на мене.

И покрај сѐ, сакам да мислам на светлината која ме чека после бурата. Јас сум задоволна со моето семејство, купуваме нова куќа, ја менувам работата, нешто што знам дека ќе ми го намали стресот, но не сум наивна. Знам дека повторно ќе настапи таа бура, па затоа засега се обидувам да се фокусирам на светлината која ме чека на крајот.