
Јавноста во ужас, по објавувањето на снимката на која се гледа како 28-годишен скопјанец од Драчево ја тепа својата четиригодишна ќерка. Тој заврши во притвор, а јавноста го осуди ваквиот случај на насилство врз невиното дете!
Велат дека институциите мора да бидат ажурни и навреме да се откриваат ваквите случаи, а насилниците да добиваат најстроги казни.
- Ужасно ме потресе видеото со тепањето на 4-годишно дете, уште повеќе ме потресува фактот што којзнае колку деца го трпат истово ама или никој не пријавува или институциите немаат слух или реагираат кога е веќе касно и кога како во еден случај мајката уби и татко и свекор. А сите вие кои вперувате прст во мајката и ви личи дека ‘снимала’ исто треба да сносите последици и не заборавајте дека многу често се удира од нос претпоставка која ја имате од дома меѓу вашите хармонични односи и преродителски ставови. Да ја нема снимката, таткото уште ќе беше дома. Искрено се надевам дека ќе биде пример и сила за секој еден родител да пријави а насилниците без исклучок да завршат таму кај што сонцето никогаш не свети. Да ги јадат истите шамари со години зад решетки додека надвор нивните деца се лечат од трауми, сподели став познатата инфлуенсерка Миса Костова.
- Хелсиншкиот комитет побара најстрога казна за насилство врз дете и апелира за одговорно однесување на јавноста
- На социјалните мрежи кружи вознемирувачко видео со физичко насилство врз четиригодишно дете, проследено со фотографија на која се видливи повредите на неговото лице и тело. Децата, поради нивната возраст и зависност од возрасните се особено ранливи на последици од насилство – особено кога тоа доаѓа од родител, старател или друго блиско лице. Хелсиншкиот комитет најостро го осудува овој чин и бара најстрога казна за сторителот на насилство врз детето, како и засилена институционална заштита на најранливите членови на општеството, порачаа оттаму вчера.
- Да го направиме популарен насилникот кој остави трајни последици врз едни невини душичкиДржавата да превземе чекори за најстроги санкции за насилниците а најголема заштита за жртвите! Не е едноставно, магичен лавиринт е семејното насилство, мора да се работи и заштитат жртвите! - гласи еден твит на темава.
Сега е веќе јасно, овие дечиња и жена којзнае колку долго трпеле насилство од стокана.
Поважно е да се прашаме дали и како ќе бидат заштитени откако ќе излезе животново од ќорка? 2/2— Ивана (@iNolcheva) June 23, 2025