Да и помогнеме на оваа скопјанка, оставена сама на себе, со здравствени проблеми и без елементарни услови за живот

Триесет и седумгодишна скопјанка, со трагична судбина, оставена сама на себе, со здравствени проблеми и без елементарни услови за живот, заслужува подобра иднина, вели Отец Оливер Петровски за „Нетпрес“.

Според него освен здравствена заштита, на девојката потребно и’ е средување на станот, мебел, облека, храна и се останато за нормален живот.

Тој ги повикува сите хуманитарни граѓани кои можат на  било кој начин да помогнат, а за повеќе информации да се обратат и на неговиот телефонски број 078 383 743.

Овие информации преку статус се споделени на Фејсбук, со апел за помош да се пријавуваат што е можно поголем број граѓани кои се подготвени да помогнат.

Кој е отец Оливер Петровски

Некои го знаат како отецот кој помагаше по поплавите во скопско во август 2016 година, други по тоа што секој месец им носи храна на семејствата кои ја немаат, трети како човек кој се вклучува во разни хуманитарни акции. Отец Оливер Петровски од хуманитарната организација „Свети Спас“ ја враќа надежта кај луѓето кои ја изгубиле по патот удолу.

Втемелена на идејата за хуманост, на личен труд и на ентузијазам, „Свети Спас“ од Драчево во декември наполни две години од основањето во 2015 година. За тој период, за четири пати се зголеми бројот на корисници: од 20-30 семејства на почетокот, до сегашните 117 семејства кои секој месец дома добиваат храна и хигиенски производи. Организацијата донациите ги доставува најдоцна до 10 – ти во месецот.

-Моето мислење е дека не треба да постои ниту една хуманитарна организација. Ние сме социјална држава, само институциите ни се подзаспани. Многу е тешко човек да се снајде без финансии. Сметам дека самата држава треба да даде помош и таа помош да е барем 70-80 отсто од просечната плата за да може тој човек, социјален случај, да живее. Не познавам човек што би можел да издржи со 1.600 денари или 2.200 денари цел месец. Со ова што го правиме, ние сега само потпомагаме за да не гладуваат семејствата или децата во нив.

Ова се условите во кои живее девојката: