Да ги научиме нашите ќерки дека не мора да бидат убави, туку храбри и одважни

Да ги научиме нашите ќерки дека не мора да бидат убави. Да ги научиме да бидат храбри. Да бидат разиграни. Да бидат силни. Самоуверени. Независни и интелигентни. Да бидат жестоки. Да бидат оригинални и свои во свет полн со копии. Ајде да ја редефинираме убавината.

Девојчињата растат опкружени со противречни пораки. Медумите им велат дека треба да бидат слаби и убави, но дека не е прифатливо да се биде горд на својот изглед. Кога е во прашање интелигенцијата, од нив се очекува да бидат паметни и успешни во училиште, но да внимаваат да не делуваат препаметно. Сѐ до тинејџерството, девојчињата речиси секогаш имаат помала самодоверба од момчињата. Поголема е веројатноста дека ќе имаат помала самодоверба, дека ќе обрнуваат поголемо внимание на својот изглед и дека ќе мислат дека помалку способни од своите другарчиња од машкиот пол.

За среќа, постојат стратегии кои можете да ги користите за да воспитате самоуверено девојче кое се става себеси на прво место и кое верува во својата сопствена сила. 

Еве како да го направите тоа:

Покажете ѝ како изгледа силна и независна жена:

Бидете пример. Ставете ѝ до знаење дека ги цените и вреднувате сопствените таленти. Искористете ја секоја прилика за да дадете комплимент на друга жена, нагласете дека е добра идеја секоја жена да има свој живот надвор од односот со својот партнер. Развијте свои интереси, борете се за себеси и покажете ѝ дека жените се сосема способни да управуваат со својот живот. Зборувајте позитивно за своето тело и никогаш не давајте злобни коментари за други жени. 

Охрабрете ја да си поставува високи цели:

Ако ја научите својата ќерка уште од мали нозе дека и мажите и жените подеднакво се способни и можат да успеат во која и да било професија, поголеми се шансите дека ќе развие поширок спектар на интереси и дека ќе одбере кариера врз основа на она што го сака и дека нема да ги ограничи своите интереси на традиционално женски работи.

Охраберете ја да учествува во разновидни активности:

Помогнете ѝ на вашата ќерка да развие интелектуални, социјални и спортски вештини. Ако покаже активност за некоја активност, дозволете ѝ да се обиде. Тимските активности се одличен начин да стекне пријатели и да научи како да гради здрави односи. 

Секогаш сериозно сфаќајте ги нејзините проблеми и стравови:

Ако вашата ќерка ви се обрати и сподели некаков проблем, не ѝ велете дека тоа се глупости или дека претерува. Вашата улога како родител е да ѝ обезбедите сигурен простор во кој може да разговара со вас за сѐ што се случува во нејзиниот живот. Научете ја дека има право да биде сослушана. Тоа ќе ја изгради нејзината самодоверба затоа што ќе научи дека нејзините грижи и чувства се важни и дека заслужува помош кога истата ѝ е потребна. Слушање без осудување ќе придонесе кон позитивен однос меѓу вас две, а тоа ќе ги воспостави темелите за цврста поврзаност во годините кои доаѓаат.

Пофалете ги нејзините достигнувања:

Звучи очигледно, но и момчињата и девојчињата имаат корист од пофалби и охрабрувања. Но, кај девојчињата постои дополнителна компликација. Уште од мали нозе, девојчињата ги учат дека нивниот изглед е поважен од нивните вештини или карактер. За да се борите против овие пораки, сконцентирајте се на нејзините академски или спортски успеси. Кога љубезно се однесува кон другите, кажете ѝ колку сте горди на нејзиниот карактер. 

Учете ја дека односите со луѓето се важни, но дека нејзината благосостојба мора да биде на право место: 

За повеќето од нас, односите со луѓето играат клучна улога во нашите животи. Нема ништо лошо во тоа човек да се заљуби и да сака да биде дел од круг на пријатели и да им помага на други луѓе. Но, од девојчињата и жените често се очекува да бидат емотивни и физички негувателки само затоа што се жени. Од нив се очекува да им ги исполнуваат желбите на другите и ги поттикнуваат да ги задоволуваат другите, а да не се грижат за себеси. Во некои случаеви, можат да бидат присилени да ги стават своите интереси и кариери во втор план. Поради тоа голем дел од девојчињата стануваат неисполнети, депресивни и полни со горчина. Учете ги своите ќерки како изгледа здраво пријателство и врски ѝ кажете ѝ дека има право да каже „НЕ“ на кој било, дури и на својот партнер и на своите пријатели.

Не постои полесен начин за да го воспитате самоуверена ќерка, потребно е многу труд и љубов. Ќе морате со сопствен пример да ѝ покажете што е здраво однесување и да разговарате за  тоа што значи да се биде силна жена во денешното општество. Понекогаш може да ви изгледа дека ја губите битката против пораките кои вашата ќерка ги добива од општеството, училиштето, пријателите, па дури и од некои членови на семејството. Но, кога таа ќе порасне и ќе се наврати на детството, ќе ви биде благодарна што сте ѝ помогнале да изгради здрави идентитет кој не зависи од одобрувањето на другите луѓе.