Да донираме „пакетчиња на љубов“ за предвреме родените бебиња од Клиника

Иле Михајловски од Свети Николе организира донаторска акција за прематурчињата од Детската клиника во Скопје. 

-На детската клиника во Скопје имаме 10 бебиња кои се во одделот за неонатологија, бебиња кои се борат за живот, се борат за воздух, се борат да бидат со мама и татко. Родителите не можат да бидат со нивните најмили и се одделени од нив, секој ден се јавуваат и прашуваат како е нивното бебе, со надеж дека што побрзо ќе добијат информација дека повеќе не е во инкубатор, дека почна да дише самостојно, дека мрдна со рацете, дека..., објави тој. 

Ајде да бидеме поддршка на овие родители и да спремиме подароци за нивните најмили. Овие родители редовно на клиника носат пелени, влажни марамици, пудра за бебиња, креми... Тие кои што не се од Скопје исто така доаѓаат за да ги донесат тие работи што им е дополнителен трошок.

Секоја ваша донација е добродојдена. Собираме:

- Пелени број 0 или 1

- Влажни марамици

- Средства за хигиена – бебешки шампони, купки, креми

- Цуцли шишиња...

Можете доколку сакате да спремите пакетче со порака за некое бебе. Во месецот февруари нека ова бидат пакетчиња на љубов. Да не ги заборавиме и овие деца најголемите борци од мали нозе, се вели во иницијативата. 

Донациите се собираат најдоцна до 9 февруари, за да можат истите да бидат донирани на 10 февруари.