Да бидеш верен на себеси е поважно отколку постојано да се трудиш да бидеш позитивен

Острите изјави како: „Негативните мисли привлекуваат негативни работи“ не се секогаш точни и поради нив луѓето кои моментално се наоѓаат во тежок период од животот можат да се чувствуваат уште полошо.

Тие исто така можат да предизвикаат страв дека ќе привлечат уште повеќе негативности.

Ако оваа идеја се земе здраво за готово, луѓето кои минуваат низ тежок период ќе мислат дека тие се виновни затоа што тие привлекле такви работи во својот живот, а тоа едноставно не е вистина. Ако почнеме да веруваме дека нашите негативни мисли се она што создава незгодни ситуации, можеме да станеме параноични поради она што го мислиме. А вистината е сосема на спротивната страна, тие работи имаат помалку врска со нашите мисли, а повеќе со нашите чувства, особено со тоа што го чувствуваме за себе.

Не е вистина дека за привлекување позитивни работи е доволно човек да се одржува во состојба на восхит и среќа. Нашите чувства за себе се најважен барометар за одредување на нашите животни околности. Со други зборови да се биде верен на себеси е многу поважно отколку постојано да се трудиме да бидеме позитивни.

Јас себеси си дозволувам да имам негативни чувства кон работи кои ме вознемируваат, затоа што многу подобро е да искусиме вистински чувства отколку да ги поттиснуваме. Ќе повторам, работата е да дозволиме да го чувствуваме она што го чувствуваме, а не да се бориме против тоа.

Самиот чин на дозволување без осудување е љубов кон самите себе. Тој чин на добрина кон себе многу повеќе влијае на создавање радосен живот отколку да се преправаме дека сме оптимисти.

Не е толку важно дали имам лош ден или недела. Поважно е што чувствувам внатре во себе, за себе, додека се соочувам со тој ден или недела. Станува збор за тоа да си дозволам да бидам она што навистина сум. Поради тоа негативните чувства ќе се распрснат и се поретко ќе се се појавуваат.