Да бидеме хумани: Премрзната, истоштена, изморена и гладна живее во мизерни услови, заедно со својот слеп син

“Не ми се живее веќе, не можам, немам сила, не можам да издржам, не можам... и плаче и плаче... Премрзната, истоштена, изнамачена и изморена од животот кој го живее”.

Деновиве низ социјалните мрежи кружи уште една доста тажна приказна, приказна на наша сограѓанка, за која животот воошто не бил милосрден.

Верче Крстевска е хуманистката која јавно на својот Фејсбук профил ја сподели оваа тажна приказна, која за жал е секојдневние на оваа женичка и нејзиниот син.

-Ја нарековме “Тетката со кибритчињата”, така не асоцираше кога ја видовме, измрзната, испозавиткана со шалови, глана, изморена, а сепак проба да ни се насмевне кога не виде.

Оваа жена има 66 години и секој ден оди да работи на тезга на пазар од 8 до 16 часот за 200 денари. Секој ден, на пеколни и на минусни температури, секој ден така со години.

Пред десетина години имала нормален живот, се додека животот не го сменил својот тек. Првин ја отпуштиле од работа, па мажот и починал, синот добил слепило... Во очај да го спаси видот на своето чедо, ја ставила куќата под хипотека. Почнала голготата по соседните земји, по болници, но за жал неуспешно. Синот останал слеп, а таа ја изгубила куќата.

Сега живее, или да речеме преживува во едно куќиче кое пробала да го направи дом. 2 години живееле без струја со слепиот син. Благодарение на соседите кои собрале пари, сега имаат струја. Но, за жал условите се многу лошо, немаат внатрешни врати, немаат болјер, 8 години со шишиња, целата покуќнина е стара и дотраена. Живеат во мизерни услови. Јадат стар леб, оној кој се продава по 6-7 денари, а повеќето од времето седат гладни.

Кутрата мајка, да си го гледаш чедото слепо и беспомошно, а да немаш ни лебче да му подадеш.

Ајде луѓе сите заедно да им ја смениме судбината! Доволно се мачела оваа жена, стои во објавата на Верче.

Таа заедно со уште некои други хумани луѓе им однеле облека и скромна донација со храна.

Како што е наведено во објвата потребен е болјер, 2 врати, плочки за купатило, поликолор, кујна, шпорет, фрижидер, финансиси средста...

За сите оние кои сакаат да донираат да ја контактираат Верче или Јована Нановски.

Сметка за донации: 270072685480143
IBAN: MK07270722000030435
HALKBANK