Да бидеме хумани: На македонскиот пејач Момо Николовски му е потребна помош за лекување

На македонската музичка легенда Момо Николовски му е потребна итна помош поради сериозноста на болеста од која боледува.

Колеги на социјалните мрежи апелираат кој е во можност да уплати сума пари на банковната сметка на Момо Николовски, бидејќи му е потребно итно лекување. Исто така, ќе бидат органзиирани хуманитарни концерти, а ќе бидат отворени и донаторски кутии на концертите на кои настапуваат колеги на доајнот на македонската народна музика.

Почитувани колеги музичари и пријатели на македонската музика,ви се обраќам како долгогодишен соработник на мојот почитуван колега и кум Момо Николовски, на кого во моментов му е потребна нашата несебична помош и поддршка.
Потребни се финансиски средства за негово итно лекување, затоа ве замолувам секој според можностите да помогне донирајќи на следната ж-сметка 300007032927321-Комерцијална банка АД Скопје
За повеќе информации слободно контактирајте ме на телефонот 070 279 769

Во тек е отворање донаторски телефонски броеви.