Да беше жив ќе наполнеше 40 години: Среќен роденден Тоше!

Денес изминуваат 40 години од раѓањето на најголемата македонска ѕвезда, нашиот ангел Тоше Проески. Човекот кој освен огромен талент поседуваше и огромно срце и секогаш имаше љубов за сите.

Човекот кој докажа дека музиката нема граници и човекот кој ни покажа дека хуманоста треба да биде задолжителна особина.

Сонуваше за оперски арии, светски хитови, полни концерти. За освојување на светот. Ги направи само првите чекори, но и со тоа беше среќен.

Тоше ни остави вечни подароци од ноти кои никогаш нема да се заборават, ни подари љубов и не научи на убавината во секој ден и секој човек.

И овој 25 јануари ќе биде во знакот на многупати повторуваната реченица: „Тоше има само ден на раѓање”.