Да беа отпушоците вредни, комуналците ќе беа милионери

Кој е најчестиот ситен отпадок на скопските улици? Отпушокот од цигари, дефинитивно. Кој има дилема, нека прошета малку низ градов. Отпушоците се фрлаат каде и да се стигне со таква леснотија што изгледа дека несовесните пушачи тоа воопшто и не го сметаат за фрлање ѓубре.

Е, а кога неколкумина такви ќе си седнат заедно, прават ршум како на фоткава. Местото кое го фотографиравме е на клупите во паркот во близина на седиштето на скопската општина Кисела Вода. Очигледно беше дека отпадоците потекнуваат од граѓани кои претходната вечер тука седеле и покрај другото, веројатно зборувале и за тоа колку некултура има низ Скопје.

А вакви фотки можат да се забележат и покрај разни други клупи, покрај автобуски постојки, пред влезови на згради во кои има и фирми… Милиони и милиони отпушоци од цигари се мафтаат по улиците.

Сето тоа комуналците се трудат да го исчистат… некогаш успеваат, некогаш не постасуваат… Оти многу скопјани многу пушат…

СкопскоЕхо