„Д Стронгест“ од Кисела Вода во Белград освои 13 медали

Натпреварувачите на спортските клубови кои на иницијатива на градоначалникот Филип Темелковски оваа година добија материјална поддршка од Општина Кисела Вода продолжуваат да редат победи на сите домашни и меѓународни натпреварувања.

На балканското првенство „FUTURE CHAMPIONS 4 – 2018“ за деца од 5 до 18 годишна возраст во Белград, Србија македонската репрезентација составена од 22 натпреварувачи на „Д Стронгест“ од Кисела Вода, 5 на „РУТС БЏЏ ОХРИД“ и 1  на „Д Стронгест & Рутс БЏЏ Куманово“ се закити со вкупно 15 медали. Натпреварувачите на клубот од Кисела Вода освоија најмногу медали, додека 2 бронзени доби екипата од Охрид.

Со медали се закитија следните 13 натпреварувачи на „Д Стронгест“:

          Златни медали:

-        Даниела Алексовска – напредни 3 -44.3кг.

-        Марко Панчевски – напредни 2 -33.2кг., –36.2кг.

-        Дин Радончиќ – почетници 2 -27кг.

-        Даниел Тодоровски – почетници 4 -40.3кг.

-        Арон Зекир – почетници 4 -36.2кг.

-        Филип Митревски – почетници 2 -30.2кг.

          Сребрени медали:

-        Давид Тодоровски – почетници 2 -24кг.

-        Марко Трајановски – почетници 3 +48кг.

-        Дамјан Петровски – напредни 2 -42.3кг., -45.3кг.

-        Марко Ангелов – почетници 3 –39.3кг.

-        Никола Симоновски – јуниори 2 -58.5кг.

          Бронзени медали:

-        Марко Петровски – јуниори 2 -58.5кг.

-        Ања Чивчиристовска – почетници 4 -40.3кг.

Македонскиот тим предводен од Ивица Алексовски, претседател и основач на „Д Стронгест‘‘, во екипниот пласман во категорија на почетници го освои првото место, во категорија на напредни третото место, а во вкупен екипен пласман второто место.