Д-р Зафировски „во трка“ за градоначалник на Карпош

Докторот Оливер Зафировски и официјално е кандидат на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник на општина Карпош.  

Д-р Зафировски е специјалист педијатар, пулмоалерголог со над 32 годишно искуство. Работи во ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај деца Козле од 1989 година каде беше и директор во период од 2006 година до 2017 година.

Во тек на мандатот, доктор Зафировски од Институтот кој беше стара дотраена барака изгради современ Институт по сите светски стандарди.

Во 2016 година во рамки на Институтот го основаше Центарот за цистична фиброза.

Тој има издадено три книги на тема климатски промени и влијание врз здравјето на луѓето, а четвртата е во печат.  

Доктор Зафировски беше советник во општина Карпош во периодот 2009-2011 година, потпретседател на ОК Карпош во два мандати. 

Оженет е и татко на едно дете. 

Негов најголем ривал на претстојните локални избори закажани за 17 октомври, во општина Карпош, ќе биде Душко Весковски од СДСМ, актуелен директор на ЈП Водовод Скопје.