Д-р Стојанов: Веќе нема познати кластери, вирусот се рашири низ цело Скопје

Инфекцијата е раширена во сите делови на градот и нема познати кластери, вели д-р Александар Стојанов директор на Центарот за јавно здравје Скопје. Во моментов главниот град е најголемото жариште, а активни се 2.010 случаи. Стојанов објаснува дека сега е потешко затоа што со кластери полесно се менаџира ширењето. Тој вели дека сега на респиратор завршуваат се повеќе млади луѓе.

Со кластери е полесно, ги знаете луѓето ги изолирате и тоа, но сега овде е веќе искочено надвор и може секој на секое место да заболи. Чаир се уште води, но не е како порано. Може да се каже дека ја носиме ситуацијата се додека имаме можност за хоспитализација. Кога бројот ќе биде голем да нема каде да бидат сместени, е тогаш е лошо како што имаше ситуации во некои развиени земји, вели д-р. Стојанов за Сител.

Додава дека ако на почетокот на пандемијата во најголем ризик биле повозрасните и хроничните пациенти, сега, состојбата помлади луѓе и здрави заболуваат во тешки форми, заболуваат и постари но полесно.

Вирусот кај некои е агресивен, кај други во поблаги форми. Вирусот овие 4 месеци мутирал за да опстане. Станува поагресивен кај помладите и како да прави обратно. Но малку е времето од 4 месеци да го осознаеме, вели д-р. Александар Стојанов.