Д-р Стојанов: Оние доктори кои не се вакцинирани, не ми е јасно како полагале Епидемилогија, Микробиологија

Епидемиолгот д-р Александар Стојанов потсетува колку е важна вакцинацијата против ковид, особено сега кога е откриен нов сој на вирусот.

– Ова допрва треба да се испита и види што е точно. Инаку, во природата на вирусите е да мутираат за да опстанат. Идејата на вакцината е токму тоа, што повеќе луѓе во пократко време да се извакцинираат, за да не може да измутира вирусот. Онаа вакцина која беше проектирана за првиот вид вирус, беше најефикасна за тој топ вирус, а сега веќе како што мутира, така ефикасноста на вакцината паѓа, па сега треба да се прават нови вакцини. Тоа ви е исто како со антибиотиците, што повеќе антибиотици примате, станувате резистентен на нив,  вели д-р Стојанов за „Мета“

Тој повтори дека што повеќе луѓе се вакцинираат во што поголем број, тоа е подобро.

– Ние тоа го зборуваме цело време. За која било епидемија тоа е правило, што побрзо да се извакцинира населението за да се прекине ланецот. Освен вакцината и класичните мерки кои вклучуваат и да нема собири во затворен простор, друго чаре нема. Лек за вирус нема, вакцината заштитува од тешка клиничка слика и смрт, потсетува епидемиологот.

Стојанов вели дека младите кои најмногу се собираат и се дружат и го пренесуваат вирусот, одбиваат да се вакцинираат.

– Не може да го носам моето внуче во градинка, а учителките да не се вакцинирани. И не може да одите на доктор, а докторот да не е вакциниран. Оние доктори кои не се вакцинирани, не ми е јасно како полагале Епидемилогија, Микробиологија. Од вакцина нема смртни случаи, но од ковид има – додава Стојанов.

Тој вели дека во мај се ванцинирал со Фајзер, а сега на крајот на овој месец ќе прими трета бустер доза.