Д-р Шопова со низа критики: Не направивте план за белиот мантил, болниците преку ноќ ги претворате во ковид центри

Доктор Жаклина Шопова од Инфективна клиника излезе со свој став околу писмото со кое директорите на јавните здравствени установи пред некој ден побараа премиерот Заев да не ја прифати оставката од министерот за здравство Венко Филипче.

Еве што вели таа: 

Ако директорите бараат од премиерот да остане Филипче, јас ќе се потрудам да го кажам спротивното:

1.Велите: пандемијата трае, болниците се преполни...ЗОШТО!?

Заради Венко и неговата/ вашата неспособност за менаџирање.

2.1.112 пациенти со тешка клиничка слика се лекуваат, 30 пациенти се на респиратор (само не кажувате на кои респиротори тие што требаше да ги добиеме, да ги набави Венко или...), 700 пациенти се на кислородна подршка со маска.ЗОШТО !?

Заради Венко и сите вас кои не ги припремивте и не ги дистрибуравте протоколите за третман на секое ниво во здравството низ целата република, бидејќи не направивте план за белиот мантил, бидејќи преку ноќ ги претварате болниците во ковид центри,бидејќи им го одземавте со закон загарантораното право на сите останати пациенти со др. и хронични болести да се лекуваат во јавното здравство, па мораа на сопствен трошок да се лекуваат по приватните болници, пишува Д-р Шопова. 

-За каков систем зборубате за кој столб во здравството зборувате? ... ако сте тоа вие и Филипче тогаш оддамнаа требаше да се повлечете! Го споменувате слоганот "Слушај го Венко " кој го користевте/ користите за политички маркетинг на Венко, на вас, како што ги користевте здравствените работници кои ги нарекувавте херои ...

Во однос на дигнитетот на професијата лекар, докторката тврди дека лекарите не ги добија ветените 100 000 ден.

-Не ги добија 5% на покачување на плата за 9 месеци, им ги оддземавте годишните одмори за една година...не добија многу од ветувањата на Венко, но тоа е..., заклучува Д-р Шопова. 

Нејзиниот статус во целост во продолжение: