Д-р Пановски револтиран: Неовластено се богатат злоупотребувајќи го нашиот углед стекнат со децении

Познатиот доктор микробиолог Никола Пановски, кој особено беше активен со совети и препораки во ковид пандемијата, се огласи на својот фејсбук профил. 

-Не рекламирам ни чај за паразити, ниту некогаш ќе рекламирам некој лек или лековито средство. . Драги пријатели, еве и мене ми дојде редот. Се видов со слика и текст. И до сега сум реагирал за да ги заштитам моите колеги. Група хохштаплери и криминалци од најдолен вид, со години, преку социјалните мрежи злоупотребуваат угледни доктори, професори, дел постојат, дел се измислени. Неовластено користат нивни фотографии, нивното име и титула, постираат нешто што тие не го кажале, па потоа продолжуваат со измислени пациенти, како тоа средство им помогнало итн. На крајот производот го продаваат онлајн, за висока цена. Неовластено се богатат злоупотребувајќи го нашиот углед стекнат со децении. Јавно лажат!!! Ова трае со години, на очиглед на десетина институции кои ние ги плаќаме да не заштитат: пациентите од лажни и непроверени производи, нас како стручни лица, злоупотребени на најдрзок начин. Ги прашувам зошто постојат, арам да ви е платата што ја примате!, вели тој во својата објава.