Д-р Пановски: Додека не дојде вакцина учениците да продолжат со онлајн настава

Сè уште е рано за учениците да почнат да се враќаат на физичка настава, макар и само за тестирање. До јуни треба да продолжи онлајн наставата, како што веќе започна второто полугодие – вели во разговор со „Слободен печат“ микробиологот д-р Никола Пановски.

– Сметам дека до јуни треба учениците да продолжат со онлајн настава. Треба да биде онлајн и не верувам дека тоа ќе се промени. Додека не дојде вакцина треба да биде вака. Не гледам разлика од состојбата сега и во септември. Исти се бројките на новозаболени со тие што беа во септември. Точно е дека се бројките се намалуваат малку, и треба да продолжат така, а за да не ни се повтори во април или мај ситуацијата како во октомври и ноември, онлајн наставата треба да продолжи – вели д-р Пановски за „Слободен печат“.