Д-р Николовски за смртта на Јана: Девојчето имало некој сериозен проблем

Доктор Роберт Николовски смета дека медиумите не треба да избрзуваат со сензационални вест во врска со случајот со починатото девојче во битолската болница. 

-Еднa инфузија декстроза 5% не може да убие човек без разлика дали е диабетичар, а уште помалку дете со почетна глимемија 9 mmol/l секој лекар го знае тоа. Тоа значи дека секој диабетичар што ќе изеде две парчиња торта или испие шише кока кола на пример, ќе умре од нагла и моментална смрт(оваа храна содржи повеќе шеќер од тоа што содржи посочуваниот инфузионен раствор со декстроза)…

Девојчето имало некој сериозен проблем тоа е сигурно и се согласувам со тоа дека треба да се истражи, а најпаметно е пред да се објавуваат сензационални вести од новинарите да се причекаат причините за смртта, вели д-р Николовски во својата објава на фејсбук. 

-Дали е срце или нешто друго истрагата ќе покаже, во секој случај е трагедија, а за тоа што е причина, како го лекувале, што давале дома, и дали требало или можело поинаку да се постапи при укажувањето помош ќе почекаме обдукција и сите наоди и тогаш ќе коментираме. Сочувство до семејството на малата Јана, вели доктор Николовски.