Д-р Николов: Какво ни е здравството, подобро нека нè служи здравјето

Докторот Игор Николов имаше интервју со „Република.мк“ во кое зборуваше за состојбата во македонското здравство.

- Какво ни е здравството, подобро нека нè служи здравјето. И порано македонското здравство било на смртна постела, но овој пат е во терминална фаза. Има пари во Фондот, но нема лекови, ни умираат пациенти, кадарот си заминува, вели д-р Николов.

Пред неколку дена беше нападнат системот на ФЗО, а д-р Николов вели дека не се знае дали се пробиени само податоците за исплатата на трошоците на пациентите или и нивните дијагнози.

- Доколку лекарска тајна е пробиена, тогаш се загрозуваат човекови права. Не знаеме дали се случило тоа и дали се преземени овие податоци, но сметам дека е потребно да се понесе одговорност и веднаш да поднесат оставки директорите, кажа докторот.

Цело интервју за „Република.мк“ може да се прочита ТУКА.