Д-р Митов: Се случија многу грешки во информирањето за пандемијата во земјава

Д-р Александар Митов, магистер по јавно здравство, во гостувањето во емисијата „Стадион“ на Канал 77 рече дека има многу грешки во информирањето и начинот на презентирање на податоците во периодот на пандемијата во државата, поради што се случиле и поделби и меѓу граѓаните и меѓу лекарите. 

-Има луѓе кои бараат факти. Ако сакате да направите нешто општествено, треба да се разговара со оваа група, бидејќи таму може да разговарате. Но ако се обраќате на луѓе кои не прифаќаат, не можете да убедите со сила. Тоа е контрапродуктивно, рече Митов.

На Фејсбук и останатите социјални мрежи се случува поларизација, смета Митов, според кој вакви подели има и меѓу лекарите.

Според него имате такви кои се целосно против вакцини, но од друга страна има лекари со тежок речник, кој исто така напаѓаат.

-Најголемата грешка беше кога се кажа дека кога ќе се вакцинирме ќе помине пандемијата. Шест милијарди дози на вакцина се ставени во светот. Требаше да се каже: Не дека вакцината ќе ве заштити од болест, но ќе ве заштити од тешка болест, рече Д-р Митов.