Д-р Мехмедовиќ: Индиската мутација предизвикува гангрена и губење на слухот

Гледано од клинички аспект, според првичните анализи кои ги добиваме од Индија и од Велика Британија, делта варијантата, односно индискиот сој на коронавирусот, е поврзана со зголемен ризик од тешка болест и хоспитализација, но и делумно различна клиничка манифестација на болеста, посочува д-р Злате Мехмедовиќ од Здравствен дом – Скопје во интервју за Слободен печат.

Според него индиската мутација на коронавирусот треба сериозно да се сфати за да се избегне евентуалниот летен бран на новозаразени.