Д-р Манолева-Николовска: Се прашувам за колку време од сега ќе почнам да гледам дифтерија, пертузис, полиомиелитис...

Д-р Елена Манолева-Николовска, со својот фејсбук-статус се осврна на антиваксерската кампања, која веќе одамна постои и не се работи само за ковид-вакцините, туку и за оние стандардните во нашите вакцинални картони, благодарение на кои голем број сериозни болести веќе одамна ги нема кај нас. 

„Си седам и си мислам: имам уште најмалку 20 години работен век пред себе како педијатар. Се прашувам за колку време од сега ќе почнам да гледам дифтерија, пертузис, полиомиелитис и смрт и осакатеност од овие болести кај децата и општата популација“, пишува таа.

Нејзиниот статус прочитајте го во продолжение: