Д-р Лазаров за новиот сој на ковид: Повторно се губи осет за мирис

Д-р Ненад Лазаров се огласи за појавата на најновиот сој на ковидот и во објава на Фејсбук пишува дека нема информации за смртност, но дека во некои делови од САД бројот на хоспитализирани нагло се зголемил.

- Интересен феномен во ковид пандемијата во Америка, се предвидуваа т.е најавуваа големи ковид бранови на начин што за аларм се сметаше нагло зголемен број на лоши оценки и ривјуа на Yankee бренд на миризливи свеќи на Amazon, дека мирисаат слабо или воопшто не мирисаат, а всушност се работело за ковид аносмиа т.е. изгубен осет за мирис.

Повторно има таков наплив на коментари, истовремено додека денес излезе и 4ти примерок од сојот BA286, прво тестиран во Израел, сега и во Данска,САД, со голема веројатност ќе добие следна грчка буква после Омикрон заради мутациите кои ги има.

Нема инфо за зголемена смртност и сл. но де факто во САД на места има нагло зголемување на хоспитализации, напиша д-р Лазаров.