Д-р Лазаров: Во овој бран лесно се заразуваат и инфицираните од ковид пред 6 месеци

Д-р Ненад Лазаров, во објава на својот фејсбук профил, предупредува за опасноста од новито ковид бран.

-Ова е бран на подваријантите на омикрон кои лесно заразуваат дури и прележани пред само 6 месеци, затоа и заради отсуство на култура од секој аспект, ќе има многу болни.  Она за што има се повеќе научни докази е дека секоја наредна COVID реинфекција го зголемува ризикот од леталитет и останати последици, ова не е грип. Ова е бран на подваријантите на омикрон кои лесно заразуваат дури и прележани пред само 6 месеци, затоа и заради отсуство на култура од секој аспект, ќе има многу болни, констатира тој. 

Докторот препорачува прво секој болен да покаже самосвест и веднаш да се изолира и заштити за да не шири и заразува се околу себе, ова е наша најслаба точка во моментов, се останато за заштита веќе знае секој.

Исто така, неприфатливи ми се седативните изјави од колеги кои очигледно го потценуваат SARS-Cov2, исто колку непотребните -панични и алармирачки објави. Сега веќе имаме познат непријател, научивме доста, генерално од нас зависи. Не се вакцинирајте ако не сакате, однесувајте се одговорно, доволно е! - порачува д-р Лазаров.