Д-р Лазаров со совет: Не дозирате лекови против температура по таблица, туку по килограм телесна тежина

Сезоната на настинки, вирози и грипови е во полн ек. На удар, меѓу останатите, се малите деца. 

Д-р Ненад Лазаров сподели бесплатна консултација кога станува збор за децата и покачената температура. На што треба да внимаваат родителите, објасни тој во својот фејсбук статус:

-Еден совет во сезонава на вирози за сите со мали деца. Исклучително е корисно и се препорачува да не дозирате лекови против температура како парацетамол по таблица туку по килограм телесна тежина.

10-15мг на килограм телесна тежина,максимум 4 пати на ден.

Едно дете од 2 години има 10 а друго 14 кг а дали ќе дадете 5 или 7.5мл крајно значи дали ќе ја исконтролирате или не температурата.

Започнете со помала доза за да ја имате поголемата во опција, поентата е со минимум да се добие ефект.

Ако ви е спорно и малку пресметувањето, прашајте си ги лекарите да ви помогнат.

Комбинирање на антипиретици кај мали деца треба да биде крајна опција, скоро секогаш грешката е во дозирање а не во тоа "не му делува парацетамол".

Крајната цел е не е нормална, туку да нема тепература поголема од 38-38.5!