Д-р Лазаров предупредува: „Омикрон“ носи заразување и по трет пат

Доктор Ненад Лазаров предупредува дека новиот сој на корона вирус познат под името „омикрон“, иако се уште недоволно откриен, е потенцијален ризик за заразување дури и по трет пат. 

-Омикрон носи повеќе од 5 пати поголема можност за инфекција и повеќе од 2 пати поголем ризик од реинфекција. Се регистрира и зголемување на бројот на инфицирани по трет пат, односно втора реинфекција. Бројот на хоспитализации не е зголемен во овој правец, но останува да следиме..., констатира д-р Лазаров.