Д-р Лазаров: Очајно ни е потребно искуството и едукацијата од пензионираните доктори

Мислам дека е крајно време да се стави крај на дискриминација по возраст во македонското здравство и веднаш да се реактивираат сите наши сениори лекари особено професори, доценти и тн, пишува на својот Фејсбук профил, доктор Ненад Лазаров.

Очајно ни е потребно нивното искуство и едукација која можат да ја пружат, а добар дел од нив и понатака се во полна кондиција активно да пружаат услуги на пациенти, кој колку го служи здравјето и вољата.

Дома ни седат гиганти медицински професионалци, заради некој глуп закон кој лимитира по возраст и присилува на пензија лекари, а токму во тие возрасти умот е најпродуктивен.

Катастрофална штета низ годините, непроценлива загуба!, пишува Лазаров.