Д-р Димзова алармира за последиците од лекувањето „на своја рака“: Секој втор пие Аспирин или Андол онака, за секој случај!?

Д-р Марија Димзова, специјалист инфектолог на Клиниката за инфективни болести во Скопје, во интервју за Фактор истакнува дека лекарите наидуваат на огромни проблеми во лекувањето на пациентите кои претходно сами на своја рака земале разни лекарства, антибиотици, па дури и витамини без консултација со лекар. 
-Имам чувство дека секој втор во Македонија стана(л) експерт во лекување на КОВИД-19. Почнувајќи од давањето/земање на ивермектин затоа што на комшијата овој лек му помогнал (а комшијата имал минимална или никаква клиничка слика на КОВИД-19 што сама по себе ќе поминела) преку самоиницијативното земање на Фавипиравир ( или Фавира) иако се покажа дека и овој лек има многу помал ефект од очекуваниот на текот на болеста, преку земање на кортикостероиди во домашни услови (иако постои точна индикација кога треба овој лек да се даде кај болни со КОВИД-19) преку давање/земање на Ремдесивир дури и во домашни услови (иако и за овој лек има точни индикации кога да се даде). Да не спомнам дека секој втор пие Аспирин или Андол онака, за секој случај!? Пред само неколку дена ми се јави колега за консултација за негов пациент со КОВИД-19 кој самоиницијативно, во домашни услови земал високи дози на аспирин во тек на три дена поради што бројот на тромбоците му паднал до 16 (нормала е над 150)!, посочува д-р Димзова во денешното интервју. 

Таа нагласува дека GOOGLE не е учебник и дека луѓето кои пребаруваат по Интернет не ги прави експерти во лекувањето на ова тешко вирусно заболување, потенцирајќи при тоа дека вакцините се нејветувачкото орудие во сузбивање на пандемијата на Ковид-19.