Д-р Димова: Кај индискиот сој нема губење на мирис и вкус

„Новиот делта сој е повирулентен и се покажа како позаразен. Всушност, еден од моментите што ја прави заразноста на овој вирус е тоа што кај помладите дава една полесна клиничка слика, од типот на главоболка и кивавица“, вели докторката Александар Димова за емисијата „Утрински брифинг“.

Таа додава дека кај индискиот сој нема губење на мирис и вкус.

„Младите го поминуваат како еден вид потешка или полесна настинка, но несвесни дека се работи всушност за ковид-инфекција. Во однос на смртноста некаде исто е како претходните соеви, можеби е за нијанса поголема“, смета Димова.