Д-р Даниловски: Во оваа фаза носењето маски во училиште е бесмислено

Епидемиологот доктор Драган Даниловски смета дека е бесмислено носењето на заштитни маски против кови во училиштата. 

-Влезени сме во зелена фаза. Дефинитивно е потребно сосема да се укинат сертификатите за вакцинација. Тоа требаше и порано бидејќи се бесмислени. Треба да останат препораките за носење маски во затворени јавни простории за луѓе со хронични заболувања, луѓе кои се постари од 65 години и луѓе на кои им изминале повеќе од 3-4 месеци од третата доза, за повозрасни и од втората доза за помладите лица. Препорачувам укинување на маските во училиштата затоа што во оваа фаза тоа е бесмислено, смета д-р Даниловски. 

Даниловски смета дека војната во Украина и бранот на бегалци нема значајно да ја наруши епидемиолошката состојба ниту во Украина ниту кај нас.  

-Секако на природен начин стивнува короната. Имаме имунитет на популациско ниво над 90%, појаснува тој.