Д-р Даниловски: Да се воведе полициски час од 21 часот

Потребни се итни мерки за да се спречи катастрофа. Потребна е некоја, брана, бариера да се стави крај на сето ова, предупредува проф. д-р Даниловски. Тој побара строги рестриктивни мерки и без сентименталности.

– Тоа значи полициски час и не од 23 часот туку можеби од 21 и ограничување на движењето во некои области каде бројот е поголем, ограничување на работното време на фирми и водење сметка за јавниот превоз. Јавниот транспорт е изворот на сите проблеми – вели Даниловски за Сител.