Д-р Даниловски: Да се бројат само хоспитализирани и смртни случаи, а не да „бомбардираат“ секој ден со број на заразени

Вирусот е во „паника“, а не важела веќе ни вакцината, односно сите ќе го поминеме, смета д-р Драган Даниловски. 

Тој вчера во гостување на ТВ21, рече дека вирусот за околу шест месеци ќе се сведе на „питомо маче“.

Докторот вели дека веќе не треба толку да се „есапат“ бројот на заразените лица и секој ден да „бомбардираат“ колку случаи има.

„Понатаму треба маркери за состојбата да ни бидат бројот на хоспитализации и смртни случаи. Значи само тие да се бројат, само тие да се соопштуваат“, додава Даниловски.