Д-р Даниловски апелира: Авиодезинсекцијата против комарци не е ефикасна, сменете стратегија!

Епидемиологот Д-р Драган Даниловски, на Фејсбук, објави детална анализа за тигрестите комарци, чиј број станува се поголем во земјава, и нагласи зошто авионското прскање против комарци не е ефикасно. 

- Авиодезинсекцијата во населените места, која се спроведува секоја година по неколку пати е „сизифовска“ работа, зашто, едноставно, не може да биде успешна и треба да се укине. Зошто? Затоа што ги уништува само оние комарци кои во моментот се во воздух. А, знаеме, постојат и ларви... Таа треба да се применува само во ненаселени подрачја или при елементарни непогоди. Во населените места е потребна дезинсекција со прскање од земја. Значи, треба да се смени стратегијата. Освен тоа, од суштествена важност е да се организира јавна едукативна кампања, за граѓаните да внимаваат да немаат застојана вода во својата околина, особено оние што имаат дворови. За лична заштита, треба да се користат репелентни средства, пишува тој. 

- На прагот сме на летото и на интензивна активност на тигрестите комарци. Иако е малку веројатно да пренесат егзотични болести кај нас, сепак, реално, ќе предизвикуваат тешки непријатности, заради целодневното агресивно касање. Оттаму, мислев дека нема да биде на одмет едно укажување до надлежните за потребата од менување на стратегијата за превентивната дезинсекција, како и потсетување на граѓаните за индивидуалните мерки за заштита, објавнува д-р Даниловски. 

Инаку, денеска и утре во раните утрински часови ќе се реализира втората фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на град Скопје против возрасни форми на комарци.

Целата објава на д-р Даниловски во продолжение: