Д-р Данаиловски: Кон средината на август може да се очекува новиот бран во кој доминантен ќе биде делта сојот

Иако најавен и се очекува во месец септември, новиот корона бран веќе ги зафати поголемиот број на земји во регионот, а со секојдневниот раст на новозаразени, веќе се навестува и кај нас. 

На оваа тема зборуваше професор Д-р Драган Данаиловски кој вели дека веќе кон средината на август може да се очекува новиот бран во кој доминантен ќе биде делта сојот. 

-Бранот на некој начин се наговестува дека почнува. Иако уште сме во зелена зона во средината на август ќе влеземе во прво ниво на ризици. Имаме тренд на постепен пораст кој ќе оди се понагоре. Во моментов се работи за помали бранови, локално ширење со само некои општини. За да не дојде до цунами, потребно е да се идентификуваат сите контакти во сите тие места, вели Д-р Данаиловски. 

Во однос на делата сојот докторот вели дека се покажало дека делта сојот се шири полесно меѓу младите кои генерално не се вакцинирани и е полесно пренослив. 

-Илјада пати е поголемо вирусното оптоварување со делта, отколку со алфа сојот, а од количината на вируси во организмот зависи и тежината на симптомити, па така клиничката слика е во просек потешка до онаа што ја дава алфа-сојот, појаснува Данаиловски.