Д-р Чолакова-Дервишова: Тешко се доаѓа до термин за тестирање на државна сметка

Д-р Лидија Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на приватни лекари, во денешното гостување во ТВ Сител реагираше на лошото менаџирање за ковид-тестирањата на државно, па така пациентите иако со години плаќале здравствено осигурување сега мораат да се тестираат на приватно. 

-Состојбата не е променета. После толку многу изјави и реакции сеуште се чека. 4-5 дена за внатрешноста, додека за Скопје е 7-11 дена. Тешко ни е на нас практичарите бидејќи ни е потребен ПЦР тест за да поставиме диференцијално-дијагностички дали се работи за корона позитивен или негативен пациент или нешто друго, вели таа. 

Д-р Чолакова-Дервишова потенцираше дека за споениот празничен викенд, на 11. октомври, немало тестирања. 

-Имаме пандемија, а за празниците нема тестирања, нема термини како вирусот да знае дека е празник па ќе прави пауза, така да нашите забелешки се за менаџменот, вели таа.