Д-р Чибишев кон Владата: Си играте со чувствата и професионалниот интегритет на докторите

Доктор Андон Чибишев, новата мерка на Владата за стимулација на матичните лекари за зголемување на опфатот на вакцинација против корона вирусот, ја оценува како недостоинствена. 

-Повторно мерка од Владата со која на најбезобразен начин се потценува достоинството на матичните и докторите од примарна здравствена заштита. Ќе добивале 30 денари, со букви (триесет денари) за секој пациент кој ќе го убедат да се имунизира. Како не ви срам и жал, вака да си играте со чувствата и професионалниот интегритет на докторите. Им фрлате трошки и очекувате да се радуваат - гласи неговиот став во кој е очигледен револтот од надлежните. 

-Ама, затоа имате илјадници евра за вашите послушници во пропаднатото СЈО, имате пари за дресирање магариња, купување бифтеци, ф,стаци, бадеми и најново како прочитав за популаризација за некаква пица која правела од пред новата ера. Поддршка и респект за моите колеги, вели д-р Чибишев.