Д-р Нико Беќаровски, овој пат, со свој став се осврна на една вечно актуелна тема. Ниту земјава не е исклучок од феноменот „гојазност“ кој за жал е ризик фактор за јавното здравје.
-Во Србија 47% од населението има прекумерна тежина, а 20% од ТИНЕЈЏЕРИТЕ! Во МК нема релевантно испитување, (кај ДЕЦАТА е застрашувачки 33%), ама ако прошетате по охридските плажи ќе ја сфатите југословенската поговорка "ШТО ЈУЖНИЈЕ ТО ТУЖНИЈЕ", констатира во својот став Д-р Беќаровски.
Многумина се согласуваат со овој став на докторот, потенцирајќи дека проблемот е повеќеслоен.
За жал, решенија за овој проблем има, но недоволно. Слаба едукација, Интернет трендови, лажни вредности, сиромашно општество, сите тие придонесуваат Македонците да не можат комплетно да се пофалат како здрава нација.