Д-р Беќаровски за вакцинацијата: Индиска мудрост VS Балкански инает

Доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија во својата најнова објава на фејсбук прави паралела меѓу како што вели индиската мудрост и балканскиот инает, алудирајќи на интересот за вакцинација во нашата и земјите од регионот. 

-Се сеќавате на траорните слики кои ни доаѓаа од Индија пред 9 месеци ??? ВЧЕРА ВО ИНДИЈА БЕШЕ АПЛИЦИРАНА МИЛИЈАРДИТАТА ДОЗА НА ВАКЦИНА !!!! Во Индија се користат вакцините Covishield (AstraZeneca), Covaxin (Sinovac) и SputnikV. Денес Индија има 10-12 новозаболени на милион жители и 150-200 починати на 1.2 милијарди жители. (t.e. 0,2-0,6 на милион), вели д-р Беќаровски. 

Тој сподели и дека Индија е првата земја која ја има лиценцата за новиот лек за Ковид-19 (Molnupiravir) и за разлика од цената која ја понуди Merck (600$), нивниот лек ќе биде само 25$.