Д-р Беќаровски за платите на функционерите: Ајде да го земеме американскиот модел за исплата и во нашето здравство

Д-р Нико Беќаровски преку неговиот профил на Фејсбук често реагира за актуелните состојби во Македонија.

Докторот реагираше за зголемувањето на платите на функционерите и предложи да се земе американскиот модел за исплата и во македонското здравство.

-Бруто платите на американските конгресмени и сенатори се 174.000 долари годишно. Просечна бруто плата на докторите специјалисти во САД е 234.000 долари годишно, а достигнува и до 554.000 долари за пластичните хирурзи. Од денеска нето платата на македонските парламентарци без патни трошоци, пресметан стаж, дневници за патување и друго изнесува 110.000 денари. Ајде да го земеме американскиот модел за исплата и во македонското здравство, пишува д-р Беќаровски.