Д-р Беќаровски за цените на горивата: Македонците на работа секој со своја кола

Цените на бензините и пресметките и натаму тема број еден кај нас, но и во светот. 

Д-р Нико Беќаровски со интересен аргумент потсетува дека Македонците и покрај високата цена практикуваат на работа да одат со автомобил. 

-Денес бензинот во ЕУ е убедливо најефтин во првиот сосед на Русија, Полска.

Со нето просечната плата во Полска (1200€) денес ќе купите ~1000 литри бензин.

Со нето просечна плата во Македонија денес ќе купите ~330 литри бензин.

Полјаците на работа одат со јавен превоз, Македонците секој со своја кола, констатира тој во својата ФБ објава.