Д-р Беќаровски: Во лифт се чувствувам побезбедно со вистински ковид прележан, отколку со вакциниран

Професорот д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија, преку објава на својот фејсбук профил, го искажа својот став за предложените мерки од страна надлежните во однос на спречување на раст на пандемиските бројки. 

Тој вели дека природно стекнатиот имунитет по секоја инфективна болест е најдобриот имунитет.(за жал некогаш цената е прескапа).

Ова се поентите на неговата анализа: 

■ Вистински прележаните болни од Ковид-19 се ДРАСТИЧНО обесправени со новите антиковид мерки.

■ Ставањето на вистински прележаните болни во иста група со невакцинираните непрележани граѓани е медицински неоправдано!

■ Во лифт се осеќам побезбедно кога се возам со вистински прележан болен од Ковид-19 во последните 6 месеци, отколку со комплетно вакциниран од пред шест месеци.

■ Сите прележани од Ковид-19 со релевантен тест за антитела би требало да добиваат ковид пасош, кој би се обновувал на секои три месеци, ако нивото на антитела е задоволително (вредноста би ја одредиле нашите имунолози).

■ Кај сите постари лица од 50 години, кои во меѓувреме не заболеле од Ковид-19, како и кај сите заболени од имунокомпромитирачки болести давањето на бустер доза е медицински оправдано.

■ Вакцинацијата на комплетно здрави малолетни лица нема реална медицинска индикација, а кај лица од 18-30 години е пожелна, но не и неопходна.

■ Масовната вакцинација се уште е најдобар и единствен начин за сузбивање на пандемијата, иако не ги исполни сите очекувања.

■ Вакцините се најголемото достигнување во современата медицина во последните 150 години.

-Почитувани мои, можеби грешам, можеби не сум 100% во право, но ова е моето моментално мислење врз основа на достапните релевантни студии кои ги читам во изминативе 20 месеци и врз основа на моето 32 годишно искуство како лекар, порачува д-р Беќаровски.