Д-р Беќаровски: Србија послуша, антибиотици и високи дози витамини НЕ при лекување на ковид-болни

Доктор Нико Беќаровски, во својата најнова објава на Фејсбук, уште еднаш потсети на „злоупотребата“ на антибиотиците при лекувањето со ковид.

Тој наведува дека во соседба Србија ова влегло во најновиот протокол за лекување. 

-За да нема недоразбирања, во најновиот протокол за вонхоспитално лечење на болни со Ковид-19 во Србија СТРОГО СЕ ЗАБРАНУВА УПОТРЕБА НА АНТИБИОТИЦИ и високи дози витамини!!! Изгледа тоа што цела година го трубиме со моите колеги Никола Пановски и Деаган Даниловски подобро го разбираат комшиите од домашните, вели д-р Беќаровски кој е активен со совети во текот на овие речиси две години колку што трае пандемијата.