Д-р Беќаровски: Ние со некадарност, криминал, непотизам, некултура и необразованост секојдневно ја разкрчмуваме државата

Познатиот доктор Нико Беќаровски со свој став за големиот празник Илинден кој вчера го честуваше цела Македонија. 

Еве што пишува тој на оваа тема:

-Цел ден исполнет со многу празнични говори на политичариве низ цела Македонија, а ниту еден не кажа како од петта најсиромашна држава во Европа, ќе станеме барем просечно развиена европска земја, или како од највалкана европска депонија ќе станеме еколошки поднослива дестинација.

СЕ ДРУГО ИЗГОВОРЕНО Е ГОЛ ПОПУЛИЗАМ И ДЕМАГОГИЈА!!!

Колкумина од нашите дедовци се превртуваат во своите незнајни гробови?

Со пушка и крв создадоа држава, а НИЕ со некадарност, криминал, непотизам, некултура и необразованост секојдневно ја разкрчмуваме.

Време е за образовен, морален, културолошки и еколошки ИЛИНДЕН, порача д-р Беќаровски