Д-р Беќаровски: Место понижувачката парична стимулација за матичните лекари, укинете ја партиципацијата за сите вакцинирани!

Доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија, преку фејсбук статус, се обрати кон своите колеги од Комисијата за заразни болести. 

-Ако навистина сакате да стимулирате вакцинација, место понижувачката парична стимулација за матичните лекари, УКИНЕТЕ ЈА ПАРТИЦИПАЦИЈАТА ЗА СИТЕ МЕДИЦИНСКИ УСЛУГИ во 2022 година на СИТЕ ВАКЦИНИРАНИ. (слично како што е за крводарителите), предлага тој. 

Тој ги предлага следниве мерки: 

-Ако сакате да се намали антиваксерското расположение издвојте ги вистински прележаните од групата на невакцинирани, барем 120 дена по прележувањето.

-Воведете го позитивниот резултат од тестот (не постар од месец дена) на антитела, како валиден доказ за влез во сите места каде се бара вакцинален сертификат, по 120. ден од прележувањето.

-Предложете висока парична казна или затворска казна за секој кој ќе биде фатен со фалсификуван сертификат.

-Вратете го задолжителното мерење на телесна температура при влегување на работа и во сите јавни затворени објекти, вели д-р Беќаровски кој секогаш е директен со своите ставови за спречување на пандемијата во земјава.