Д-р Беќаровски: Ковид сертификатите се смешни, поцелисходно е термокамера

Доктор Нико Беќаровски повикува да бидеме лидери во Европа со тоа што ќе ги укинеме ковид-сертификатите!

-Ковид сертификатите се комплетно смешни во ерата на Омикрон сојот од Sars-Cov-2 и ајде да бидеме меѓу првите кои времено ќе ги суспендираме, барем на територијата на Македонија !!! Ако сите се сложуваме дека ниту вакцината, ниту претходното прележување не заштитува од можноста да се заразиме и да го пренесеме омикронот, тогаш која е целта на КОВИД СЕРТИФИКАТОТ во дадениов момент???, прашува тој во објава на својот фејсбук профил. 

-Некој ќе каже, вакцинираните и прележаните многу полесно ја поминуваат болеста и потешко се заразуваат. Да 100% точно и затоа е паметно да сте вакцинирани, ама тоа е личен ризик на непрележаните и невакцинираните, а не ризик по колективното здравје, поради кои и се воведоа овие сертификати. Место тражење на сертификат на влезовите, денес многу поцелисходно е термокамера т е. мерење на телесната температура, предлага д-р Беќаровски. 

Тој ги повика неговите, како што пишува, почитувани колеги од Комисијата за заразни болести, и ги замоли да размислат и да ја ставете на дневен ред оваа идеја.