Познатиот доктор Нико Беќаровски, на својот фејсбук профил, постави прашање, колку наши граѓани навистина го прележале ковид-19, а не се евидентирани во „Мој термин“.
-За точна проценка на моменталната епидемиолошка состојба во државата, неопходно е покрај бројот на вакцинирани и официјално прележани во последните 6-9 месеци, да имаме и јасна претстава за бројот на прележани во истиот период, кои поради разни причини, не се евидентирани во Мој термин, вели докторот кој ги охрабри и повика сите да се продискутира колкав е процентот на оние за кои знаете дека го прележале Ковид-19, во последните 9 месеци, а посебно во 2022 година, А НЕ СЕ РЕГИСТРИРАНИ ВО МОЈ ТЕРМИН.