Д-р Беќаровски: Автобускиот превоз е идеален извор за Омикрон БА 4/5 вирусот

Д-р Нико Беќаровски со совет откако ковид вирусот повторно зема замава. 

Според него автобускиот превоз може да биде извор на заразата. 

-Организираниот превоз со автобуси до/од туристичките дестинации, кој најчесто го користат постарите наши граѓани и тинејџерите е идеален извор за Омикрон БА 4/5 вирусот. Токму затоа, сите мои почитувани сограѓани кои сте +60, за да не Ви се уништи долгоочекуваниот годишен одмор со температура, малаксаност, главоболка, гадење од "несаканиот гостин" носете заштитна маска во текот на патувањето, порача д-р Беќаровски. 

Тој упати апел и до организаторите и возачите на туристичките тури. 

-Почитувани шофери, правете почести паузи, со целосно проветрување на автобусите, а во текот на проветрувањето оставете ја климата на автобусот вклучена.